Домбровскис: Воведувањето на еврото важно за малите и отворени економии

Од:

Воведувањето на еврото е важно за малите и отворени економии, каква што е бугарската, кои зависат од извовот, изјави во Софија потпретседателот на Европската комисија и еврокомесар за еврото и социјален дијалог, Валдис Домбровскис.

Говорејќи на 13-та годишна средба на претставниците на бизнисот со бугарската Влада, Домбровскис нагласи дека во изминативе 20 години ниту една друга валута не е толку силна, стабилна и поволна за користење, како што е еврото.

Еврокомесарот во обраќањето изрази задовоство од зложбите на Бугарија да ги исполни условите за воведување на еврото како национална валута, нагласувајќи дека замената на левот со заедничката европска валута особено би била од полза за бугарскиот туризам.

На средбата во Софија на претставниците на бизнисот со Влада, присуствуваше и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Доларот зајакна во однос на еврото