Домашната платежна картичка поддршка за граѓаните и економијата, ќе се купува домашно за 28 милиони евра

Од:

Деветте банки ги испечатија првите домашни платежни картички. До 18-ти следниот месец треба да бидат испорачани до сите 324.479 корисници, а кои своите средства ќе треба да ги искористат најдоцна до 15 август.

За тоа дали е некој корисник на домашна платежна картичка може да провери на веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk, со внесување на својот матичен број, а потоа да добие и информација од која банка ќе му биде издадена картичката. Зависно од банката, најголем дел од корисниците ќе ги добијат на домашна адреса. НЛБ Банка со над 100.000 картички ќе ги дистрибуира на домашна адреса, Стопанска банка АД Скопје, исто така со 100.000 картички ќе ги испраќа на домашна адреса, но има опција и да се подигнат од експозитура, а останатите седум банки ќе ги дистрибуираат преку експозитурите. Во некои населени места ќе има означаени и наменски експозитури, а банките ќе имаат и кол-центри.

Домашна картичка ќе добијат и 4394 здравствени работници ангажирани во справување со Ковид-19, кои ќе добијат 40 отсто од последната основна нето-плата. Станува збор за вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од Ковид-19.

Издавачи на Домашната платежна картичка се НЛБ Тутунска Банка, Стопанска Банка-Скопје, Комерцијална Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Охридска Банка, УНИ Банка, Централна Кооперативна Банка и Силк Роуд Банка, односно оние банки што изразија интерес за учество.

Граѓаните кои имаат една трансакциска сметка кај банка издавач на картичката ја добиваат од таа банка. Граѓаните кои имаат две трансакциски сметки, картичката ја добиваат од банката преку која добиваат плата или социјална помош. Оние граѓани пак, кои имаат трансакциска во банка која не е дел од проектот и граѓаните кои немаат трансакциска сметка се распределени кај една од банките според принцип на фер распределба.

Банките на своите интернет страници ќе ја објават постапката за комуникација со клиентите и начинот на нивната достава на картичките, односно доколку лицето е постоечки клиент на банката ќе добие смс порака кога ќе биде готова картичката и како ќе се подигне, а доколку лицето е корисник на финансиска поддршка и нема сметка во банката во која е распределен, банката ќе го контактира и ќе го извести за начинот на издавање и достава на картичката. Граѓаните нема да имаат потреба да одат во банката за да добијат информација кога ќе им биде готова картичката, овие информации ќе бидат објавени на веб-страниците на банките, а ќе функционираат и кол центри.

Издавањето на картичката ќе биде бесплатно и нема да имаат никакви трошоци, односно нема да плаќаат надоместоци за издавање, водење, управување до крајот на 2020 година, членарина првата година и нема да плаќаат за затворање на сметката и картичката на барање на лицето корисник.

Ќе ја користат во секаде каде има пост терминали, за купување домашни производи и услуги. За министерката за финансии Нина Ангеловска ова е поттик сите оние кои немаат пост терминал во продажното место да постават, бидејќи сега може да се направи и без трошоци, а воедно да може да учествува во проектот и да земе дел од предвидените 28 милиони евра.

Средствата во износ од 27,8 милиони евра што со картичките ќе ги добијат 324.479 корисници, кои системски се определени, ќе се влеат во економијата најдоцна до15 август, што за краток временски период ќе се инјектираат висок износ на средства во трговијата на мало и услужната дејност и тоа ќе помогне значително ќе влијае на намалување на БДП во кварталот во кој ќе се трошат.

Картичката е наменета за четири категории граѓани. Првата се со низок доход, односно приматели на социјална помош и невработени како активни баратели на работа во која е 115.927 лица и кои ќе добијат 9.000 денари. Втората е вработени со низок доход каде има 117.144 лица и ќе добијат 3.000 денари, но добиваат и ваучер за домашен туризам од 6.000 денари. Картичка со 3.000 денари ќе добијат 87.014 лица од 16 години до 29 години, кои се редовни ученици во средно и студенти. И четвртата категорија се 4.394 здравствените работници ангажирани во справување со Ковид-19.ж

Картичката ќе се користи за купување македонски производи и услуги во ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одмаралишта, сместувачки капацитети, туристички агенции, трговија на мало продавници за храна и пијалоци, зелени пазари, аптеки и фризерски салони и салони за разубавување.

Производите нема да има потреба да се обележуваат поеднечно, туку да се истакнат на посебно место со „Купувам домашно“.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов