Доларот падна како резултат на сириската криза

Од:

Опасноста од воен судир околу Сирија ја намали вредноста на американскиот долар. Индексот во кој доларот се споредува со шесте други најголеми валути покажа пад на доларот од 0,1 процент, а падот во споредба со јапонскиот јен изнесуваше 0,3 проценти.

Пазарите веќе беа погодени од заканите за трговска војна меѓу САД и Кина, откако претседателот Доналд Трамп нареди воведуње тарифи за увоз на челик и алуминиум. Нервозата на пазарите се смири во изминатите денови, но повторно ескалираше по хемискиот напад во Сирија и заканата на Трамп дека воено ќе одговори против сирискиот водач Башар ал Асад.

Во истиот индекс, еврото порасна за 0,2 проценти. Порастот се должи на најавата на Европската централна банка дека до крајот на годинава ќе ја запре својата седум години долга програма за квантитативно олеснување, односно купување акции од компании на европските берзи.

Би можело да ве интересира

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Јелен: Застрашувачки е големиот надворешен долг на САД

ЕУ бара разјаснување и ги анализира мотивите на Косово за прогласување на еврото како единствена валута

А1он

Трговскиот дефицит на САД во септември се искачи на 61,5 милијарди долари

Доларот зајакна четврта недела по ред

Курсот на еврото во однос на доларот се искачи на највисоко ниво во последните пет недели