Договор за соработка меѓу коморите на сметководители и на проценувачи

Од:

Креирање на платформа за заедничко делување со особен акцент за подобрување на квалитетот на работа, на националната легислатива, како и унапредување на демократските процеси од сферата на взаемен интерес, се дел од целите на договорот склучен меѓу Комората на сметководители на Македонија при ССК и Комората на проценувачи. Договорот го потпишаа претседателот на Комората на сметководители, Драган Митковски и претседателот на Комората на проценувачи, Антонио Георгиев.

-Потпишавме договор со Комората на проценувачи, со што го означивме почетокот на нашата официјална соработка. Еден од нашите главни приоритети ќе биде насочен и кон развој и мотивирање на младите преку одржување на стручни обуки со цел развивање на потребните вештини. По примерот на европските земји ќе се вложиме за примена на европските практики во начинот на работа со цел подигнување на угледот и конкурентноста како на сметководителите, така и на проценителите, изјави Митковски.

Во фокусот на заедничката соработка, додаде, ќе биде промоција на европската легислатива, европските законски одредби, стандарди и регулативи и развој на заедничко учество на меѓународни проекти за квалификација, обука и истражување од европските и националните фондови. Дополнително ќе се развива и унапредува и соработката со цел придонес за понатамошен развој и јакнење на економските врски помеѓу дејностите на двете комори.

Претседателот на Комората на проценувачи Георгиев истакна дека со овој договор и зацртаните цели за реализација во периодот кој следи ќе се придонесе кон унапредување на работата на двете комори и членовите кои се занимаваат со овие дејности.

-Верувам дека денешниот договор е само почеток на добрата и плодна соработка која ни претстои. Нашето поле на работа ќе биде насочено кон промоција и имплентирање на меѓународни стандарди во областа, се со цел да го подигнеме нивото на квалитет на вршење на дејностите согласно прецизно воспоставени практики и норми на работа, рече Георгиев.

Наша заедничка заложба како комори, посочи, е следење на примерот на европските земји, и примена на европските практики во начинот на работа со цел подигнување на угледот и конкурентноста на дејностите.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Потребен е функционален систем и меритократија за излез од кризата

Ана Ололовска

Нов дигитален македонски туристички водич

Ана Ололовска

ССК: Без соодветни мерки за поддршка, рентакар секторот пред целосен колапс

Ана Ололовска

Сметководителите бараат законски измени за подобри услови за вршење на дејноста и воспоставување ред во фелата

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори и Занаетчиска комора здружено ќе настапуваат за подобри услови

Ана Ололовска

Комората на сметководители бара да се носат навремени и прецизни законски решенија

Ана Ололовска