Доделени повеќе инвертери од планираните во акцијата ,,10 милиони евра за 10 илјади инвертери”

Од:

Акцијата „10 милиони евра за 10 илјади инвертери” спроведена во Скопје, Тетово, Кичево и Битола во текот на 2020/2021 со средства од АД ЕСМ во износ од 10 милиони евра и со одлука на Владата на Р. Северна Македонија, обезбеди чисто греење за голем број домови во општините со регистрирана највисока аерозагаденост и напуштање на греењето на цврсти горива кои загадуваат. Како што информираат од АД Електрани, акцијата донесе повеќе високоефикасни инвертер клими за домаќинствата од предвиденото.

-За остварување на оваа мерка Владата му препорача на Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во рамките на акумулираната добивка, да донесе одлука за обезбедување средства во висина од 618.000.000 денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди. Владата ги префрли средствата во наменски фонд, од каде се распределија на Град Скопје, општина Тетово, општина Кичево и оштина Битола, се наведува во соопштението.

Субвенционирањето се реализирало по принципот „прв дојден, прв услужен“.

За субвенции во Скопје можеа да аплицираат и домаќинставата од општините кои не се во склоп на Град Скопје односно Арачиново, Сопиште, Илинден. Предност во процесот имаа семејствата кои имаат месечни приходи до 30.000 денари.

Градот Скопје наместо предвидените 5.200, досега додели 6.150 субвенции за инвертери, затоа што дел од субвенционираните баратели имаа потрошено помалку средства од предвидениот максимум од 62 илјади денари.

За акцијата е доделен буџет од 322.400.000,00 денари, исплатени се 298.416.632,00, а останати се 23.983.368 денари, кои се доволни за уште околу 400 инвертери за кои ќе биде распишан нов повик.

Општина Кичево наместо предвидените 800 клима уреди, додели 810, затоа што останале средства од предвидениот буџет.

По завршувањето на акцијата од добиени 49.496.058,00 денари останати се 103.942,00 денари.

Општина Тетово наместо предвидените 1.500 субвенции, додели 1.589 клима уреди бидејќи исто така и во оваа општина останале средства.

Субвенциите од вкупно 92.700.000 денари биле целосно поделени, во Тетово и населените места Порој и Голема Речица.

Општина Битола доби 155 милиони денари за акцијата, од кои останале помалку од 1 милион денари. Досега се доделени 2.500 инвертери.

Инвертерите се доделени во општините, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба, Бутел, Чаир, Карпош, Аеродром, Центар, Сарај, Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

Затворен огласот за ваучер за клими поради преголемиот број на апликации

Орце Костов

Турканци за клими пред Министерството за економија, до денеска 2.500 апликации

Катерина Ѓуровски

Гужви за ваучери за клими: Над 500 барања пристигнати првиот ден во Министерството за економија

Орце Костов

Град Скопје и годинава ќе дава субвенции зa инвертер клима уреди

А1он

Град Скопје: За наредната година издвојуваме рекордна сума буџетски средства за субвенции за инвертери

А1он

Жителите на Гази Баба и Аеродром кои аплицираа за инвертери од денеска до недела ги предаваат старите печки

Ана Ололовска