Доделени наградите од големата наградна игра на Mozzart обложувалници

Од:

Mozzart обложувалниците изминатиов период беа актуелни со големата наградна игра „ПОГОДИ ЈА НАЈГОЛЕМАТА КВОТА“. Синоќа во ексклузивното уплатно место Скопје – Рекорд, свечено беа доделени наградите на тројцата среќни добитници.

Марјан Колчакоски од Прилеп со добитен тикет и најголема квота од 11892,65 ќе го вози прекрасниот Hyundai Tucson 1.6 GDi, а покрај тоа може да се пофали и со одлична парична добивка.

„Голема благодарност до Mozzart за фантастичниот автомобил, се надевам дека ќе продолжите и во иднина да организирате вакви кампањи. Редовно играв и на крајот имав среќа да ја погодам најголемата квота и да го добијам џипот. Со нетрпение чекам да влезам во автомобилот и да го извозам дома до Прилеп.“ – вели добитникот со најголемата квота, Марјан Колчакоски.

Второпласиранот Иванов Игор од Скопје ќе го вози скутерот Aprilia SR 50 R, а неговиот добитен тикет ја имаше втората најголема квота од 5280,14. Третото место доаѓа од уплатно место Штип, каде играчот Данов Груица со квота од 3974,04 освои телевизор SAMSUNG 58’ 4K.

„Ни претставува чест и задоволство што успешно ја организираме оваа кампања по седми пат и што повторно се собираме овде на нашето ексклузивно уплатно место Скопје – Рекорд, да одбележиме уште еден во низата убави настани. Благодарност до сите учесници, вработени, играчи и соработници кои придонесоа во успешна реализација на наградната игра. Честитки до добитниците, како и до сите играчи кои учествуваа и се обидуваа до самиот крај да се искачат на првото место со најголема квота.“ – изјавија од Mozzart.
Наградната игра траеше од 07.04 до 19.05.2019, каде играчите имаа можност за само 20 денари да го освојат фантастичниот автомобил Hyundai Tucson 1.6 Gdi и други вредни награди. Потребно беше да се одиграат минимум четири парови на тикетот. Системските тикети и тикетите со еден промашен пар кои остваруваат право на бонусот „Промаши, а наплати“ и Live Bet тикетите не учествуваа во натпреварот.

Би можело да ве интересира

Младите кошаркари по стапките на големиот Жељко Ребрача – Mozzart поддржа уште еден спортски настан

Добрите дела не се рети во MOZZART: Лидерот во организирање игри на среќа ја поддржа камппањата „Запознајте ги ретките болести“

Mozzart ги собра регионалните ѕвезди – Погледнете како изгледа средбата на Биковиќ, Северина и Шербеџија

Биди победник на ЕУРО: Обложувај се на најголеми квоти, навивај за голови, испиј пиво и наплати тикет дури и кога ќе промашиш – MOZZART

Mozzart донираше 120 телевизори во повеќе установи низ земјата

Ана Ололовска

Mozzart донираше над 300.000 денари за Општата болница во Гостивар

Ана Ололовска