Додека се бара ЕУ да ја мобилизира сета расположлива енергија, гневот кон Германија расте

Од:

(Еурактив)

Непредвидлива енергетска криза се заканува да избувне во ЕУ додека Европа се приближува кон зимата, а се зголемуваат повиците да се постигне согласност секој ват расположлива електрична енергија да се внесе во европската енергетска мрежа. Германија, во меѓувреме, останува на одлуката за исклучување на сите нуклеарни реактори, предизвикувајќи зголемена фрустрација кај нејзините соседи.

Додека Германија се подготвува да ги затвори последните преостанати нуклеарни централи, претставниците на ЕУ го повикуваат раководството на блокот да се погрижи секој џул енергија да биде мобилизиран пред претстојната зимска енергетска криза.

Во 2011 година, Германија се обврза на нуклеарен излез во два чекора, затворајќи три реактори во 2021 година и уште три во 2022 година. Сè погласните повици нуклеарките да продолжат да работат поради тековната енергетска криза, во голема мера беа игнорирани од Берлин, и покрај критиките од надвор дека таквото германско однесување претставува прекршување на принципот на солидарност.

„Одговорност на која било земја е да направи сè што може во врска со достапноста на производството на енергија“, изјави комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, по состанокот со германската влада во Берлин.

Изјавите на Бретон дојдоа во исто време кога Германија ја донесе конечната одлука да ги затвори трите преостанати нуклеарни реактори.

Тој одби да го коментира тоа, но ја пофали одлуката на Белгија да го одложи откажувањето од нуклеарната енергија.

„Сакам да бидам сигурен дека можеме да обезбедиме сè за да ја поминеме зимата“, рече Бретон. „Мислам дека е важно секоја земја, која има капацитет, во овој период да направи сè што може. И тоа е исто така е прашање на солидарност“.

Бретон во јули изјави за германскиот весник „Ханделсблат“ дека би било „исклучително важно трите германски нуклеарни централи кои сè уште работат да продолжат да функционираат што е можно подолго“.

Прашање на солидарност

Берлин минатата недела реши да затвори два свои нуклеарни реактора и покрај инсистирањето на голем број експерти тие да продолжат да работат. И третиот реактор ќе биде целосно затворен, за да биде заменет со пловечки електрани на нафта.

За Владата, ова е исполнување на долгогодишната амбиција. За Зелените беше победа со која можат да покажат пред нивната партиска база дека ги исполнуваат суштинските верувања и покрај повторното активирањето на електраните на јаглен и инфраструктурата за увоз на фосилни горива.

Нивната одлука не беше насекаде популарна. „Доколку Германија не преземе никаква одговорност за својата енергетска безбедност, ќе и предложам на нашата влада да го пресечеме балтичкиот кабел“, коментира Таке Анстоот од шведските Зелени.

„Солидарноста функционира само додека никој не си нанесува штета“, додаде тој.

Со исклучувањето на нуклеарни реактори пред зима и во време на енергетска криза, германските политичари се загрижени дека положбата на нивната земја ќе биде загрозена.

Анализата спроведена од операторите на мрежата покажа дека влијанието од продолжувањето на работата на реакторите ќе има поголемо влијание надвор од Германија отколку дома. Во Германија, нивното сценарио предвидуваше заштеда на гас во вредност од 0,9 терават-часови дома, а 1,5 во странство.

„Има голема вознемиреност меѓу нашите европски соседи со месеци“, вели Питер Лис, пратеник во Европскиот парламент.

„Германската одлука да ги исклучи од мрежата последните нуклеарни централи, во моментов, исто така, ја поскапува електричната енергија за нашите соседи“, додаде тој.

Министрите за енергетика на ЕУ треба да се состанат за да разговараат за мерките за справување со „лудилото“ на пазарот на електрична енергија, како што го нарече австрискиот канцелар.

Проблеми со гасот

Германија, најголемата економија во ЕУ, е исто така и земјата која најмногу зависи од рускиот гас, што ја попречи способноста на блокот да реагира посилно на руската инвазија на Украина.

Во брзањето да ја намали притисокот од Кремљ, Берлин го собра секоја молекул на гас што можеше да го најде, субвенционирајќи големи набавки на ЛНГ со кредити вредни милијарди евра.

Денес, складиштата за гас во Германија се полни околу 87%. Но, и ова не се покажа како добра и популарна политика.

„Цената на гасот вртоглаво расте. Зошто? Всушност, поради тоа што Германија купи многу гас по 23 јули, кога рекоа дека ова е втора фаза од алармот“, објасни Нилс Торвалд, фински европарламентарец од редовите на либералите.

„Тоа им штети на нашите земји-членки, и тоа прилично многу“, додава Финецот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

Орце Костов

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме