До утре пријавување за учество на 40. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка

Од:

На 40. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка што ќе се одржи задутре преку видеоконференциска врска ќе бидат презентирани трудовите: „Продуктивност и излез на фирмите за време на ковид-19: Анализа од повеќе земји“, од Силвија Муци, Филип Јолевски, Кохеи Уеда и Доменико Виганола и „Анализа на онлајн работните места и побарувачката на занимања и вештини во Република Северна Македонија“, од Александар Костадинов. По презентирањето на трудовите e предвидена дискусија.

Народната банка потсетува дека е објавен повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата да се пријават на е-адресата: [email protected], најдоцна до утре – 15 септември 2021 година (среда).

-Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето, наведува НБ во соопштение.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Би можело да ве интересира

Народна банка: Макроекономските показатели во согласност со очекувањата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Економската активност во првото полугодие во линија со проекциите на Народната банка

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска пред студентите на Економски факултет: Дигитализацијата ја обликува иднината на работните места

Ана Ололовска

Народна банка: Солвентноста на банкарскиот сектор подобрена

Катерина Павлова-Николовска

Народната банка го објави конкурсот за основци и средношколци по повод Светскиот ден на штедењето

Ана Ололовска

Средба Ангеловска-Бежоска – Бас: Побрзо надминување на кризата преку вложување во дигитализацијата и човечкиот капитал

Ана Ололовска