До утре е рокот за субвенции до 20 илјади евра за млади земјоделци

Од:

До утре е рокот за поднесување апликации за добивање финансиска поддршка наменета за млади земјоделци. Сите млади земјоделци што ќе конкурираат и ќе ги исполнат пропишаните услови, ќе добијат неповратна финансиска поддршка до 20.000 евра.

– Оваа година финансиската поддршка е зголемена од 10.000 на 20.000 евра. Неповратната финансиска поддршка, младите луѓе ќе можат да ја искористат за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на нивните семејни земјоделски стопанства, велат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Услов е корисниците да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства, а носителот на земјоделското стопанство да нема повеќе од 40 години на денот на поднесување на барањето и земјоделското стопанство да не користело помош од мерката 112 „Млади земјоделци“.

Со ваквиот критериум, како што наведуваат од АФПЗРР, им се овозможува на сите оние кои не добиле финансиска помош од оваа мерка по претходниот повик, сега да можат да поднесат барања.

– Барателите на оваа поддршка потребно е да креираат електронско барање со податоци за локацијата на инвестицијата и електронски да ги прикачат понудата, деловниот план за предлог инвестицијата и сите потребни документи на крај да ги испратат по пошта или да ги донесат лично во Агенцијата. Барањата и целата документација може да се најдат на веб страната на Агенцијата. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања по различни мерки земајќи ги во предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2020, појаснува директорот на Агенцијата Николче Бабовски.

Финансиската поддршка е наменета за млади лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме