До крајот на годината Северна Македонија ќе отвори трговски претставништва во Германија, Турција и САД

Од:

До крајот на годината се очекува да бидат отворени канцелариите во Германија, Турција и САД кои се замислени како државни претстаништва за привлекување странски инвестиции, но и како центри од каде ќе се нудат производи од економијата.

За луѓето што ќе бидат испратени таму, преку Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони ќе им биде обезбедено сместување и канцеларија така што тие ќе можат веднаш да почнат со работа.

– Ќе ја имаат целокупната поддршка од нас. Ќе ја добијат целата инфраструктурна поддршка. Мислиме дека моделот ќе биде успешен, велат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Оттаму брифираат дека заедно со Министерството за надворешни работи веќе работат на процесот на регистрација на овие канцеларии што ќе бидат трговски претставништва.

Активностите нема да бидат сконцентрирани само во овие три држави, туку канцеларијата во Германија ќе ја покрива Европа, канцеларијата во Турција ќе биде задолжена за Блискиот Исток, а канцеларијата за САД за цел континент.

Концептот на промотори беше воведен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и за нив беа исплаќани високи суми од државниот Буџет. На сериозни забелешки во работата на економските промотори укажаа и ревизорите. СДСМ во изборната програма најави дека ќе го укине овој концепт на промовирање на државата бидејќи е скап и не носи инвестиции.

Би можело да ве интересира

Сандерс го претстави „Green New Deal”, планот за борба против климатските промени

Ана Ололовска

Ри Џонг-хо: Подготвени сме за дијалог, но и за конфронтации со САД

Ана Ололовска

САД до Турција: Рокот за продажба на „Патриот“ измина

Ана Ололовска

Силен град уби повеќе од 11 илјади птици во Монтана

Ана Ололовска

ВИДЕО: Џонсон ја крена ногата на маса додека разговараше со Макрон

Анкета: Повеќе од половина од Американците незадоволни од политиката на Трамп