До 30. јуни сигурни субвенции само за сточарите

Од:

Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски на собраниската комисија за земјоделство кажа дека исплатата на субвенциите е во тек и дека до законскиот краен рок, најголемиот дел од субвенциите ќе бидат исплатени. Министерството за земјоделство одлучило дека приоритет во исплатата треба да имаат сточарите.

Останува отворено прашањето дали и другите земјоделци, вклучувајќи ги и тутунопроизводителите ќе ги добијат своите субвенции до крајниот законски рок или сепак ќе мора да почекаат за парите. Согласно член 61 од законот за Земјоделство и рурален развој, исплатата на субвенциите за 2011 година треба да заврши до 30 јуни оваа година.

 

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов