До 25 декември аплицирање за дополнителни директни плаќања сертифицирани како растително и сточарско органско производство и производство во преод

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите земјоделци дека е во тек аплицирањето за дополнителни директни плаќања за растително и сточарско производство кои се сертифицирани како органско производство и производство во преод. Крајниот рок за поднесување на барања е до 25 декември и апликациите се доставуваат со логирање на веб страна на АФПЗРР „директни плаќања е – барање“.

Како што соопштуваат од АФПЗРР, корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои имаат сертифицирано растително и сточарско органско производство и производство во преод согласно Законот за органско земјоделско производство или пак имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство.

– За оваа мерка корисници можат да бидат и откупувачи и трговци запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено или пак вршат трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло, истакна директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.

Барања за добивање на финансиска поддршка можат да поднесат и сите земјоделски стопанства кои имаат добиено сертификат за органско производство и тоа за кофинансирање на трошоците за стручна контрола и сертификација во висина од 50 отсто.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници