Дизелот поскапува за два денари, цената на бензинот останува иста

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 20.04.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит и ќе изнесува 84,50 ден/лит.

Од 22.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,599 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 0,086%, кај дизелот има зголемување за 0,807%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,890% и кај мазутот зголемувањето е за 0,031%.

„Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,065%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторната комисија.

Би можело да ве интересира

Марин: Бевме наивни, мора што побрзо да се ослободиме од руските фосилни горива

А1он

Бислимоски: Потрошувачите плаќаат само за она што го имаат потрошено, РКЕ не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цената

Ана Ололовска

ЕВН: Надоместокот за пренос и дистрибуција постои отсекогаш, сега се издвојува согласно европските регулативи, а РКЕ признава само дел од вкупните загуби, дел се на товар на компанијата

Ана Ололовска

Бислимоски почна да штеди во РКЕ: Дојдов на работа по скали, планирам да ослабам

Орце Костов

Драстично зголемување на цената на горивата во Германија

А1он

Бислимоски: БЕГ да ги сторнира сметките за парно бидејќи се пресметани без субвенции за топлинска енергија

Орце Костов