Дизелот поскапува за половина денар, цената на бензините останува иста

Од:

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ остануваат непроменети, зголемување од половина денар ќе има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти и изнесуваат 69,50 денари за литар, односно 71,50денари за литар. Еуродизелот ќе се продава по 62 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемуваза и ќе изнесува 35,34 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,58 отсто, кај дизелот има зголемување во просек за околу 0,45 отсто, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 0,72 отсто и кај мазутот зголемувањево просек за околу 3,87 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,3 денари за долар и е за 0,49 отсто повисок од курсот на доларот.

Би можело да ве интересира

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Скок на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Нови цени на горивата

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов

Поскапува еуросупер БС-95, цените на другите горива не се менуваат

Орце Костов

Нови цени на горивата