Дизелот поевтинува за три денари, бензинот за два

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31% во однос на одлуката од 16.03.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,228 денар/килограм и сега ќе изнесува 54,521 ден/кг.

Од 18.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,521 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,573%, кај дизелот за 5,345%, кај екстра лесното масло за 5,259% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 4,454%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,182%.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторната комисија.

Би можело да ве интересира

Марин: Бевме наивни, мора што побрзо да се ослободиме од руските фосилни горива

А1он

Бислимоски: Потрошувачите плаќаат само за она што го имаат потрошено, РКЕ не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цената

Ана Ололовска

ЕВН: Надоместокот за пренос и дистрибуција постои отсекогаш, сега се издвојува согласно европските регулативи, а РКЕ признава само дел од вкупните загуби, дел се на товар на компанијата

Ана Ололовска

Бислимоски почна да штеди во РКЕ: Дојдов на работа по скали, планирам да ослабам

Орце Костов

Драстично зголемување на цената на горивата во Германија

А1он

Бислимоски: БЕГ да ги сторнира сметките за парно бидејќи се пресметани без субвенции за топлинска енергија

Орце Костов