Дизелот поевтинува 2.5 денари, цената на бензинот останува иста

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на одлуката од 27.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,460%, кај дизелот намалување во просек за 2,480%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,201% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,032%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,305 ден/кг.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа година малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 106,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 105,00 ден/лит.

„Од 30.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 109,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 111,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 106,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 105,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 53,305 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,176 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Парното ќе поскапи многу ако не се врати цевководот на мостот на „Беласица“, се зависи од Град Скопје

Орце Костов

Бислимоски: Ако го немаме ТЕ-ТО на мрежа ќе ни се случи ценовна катастрофа

Едно е сигурно, ќе има евтина тарифа и ДДВ се враќа од 10 на 18 отсто, најавува Бислимоски

Орце Костов

ЕСМ во следните 10 години ќе ги снабдува скопјани со парно греење

Орце Костов

Издадени лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори

Ана Ололовска

Дали ќе имаме евтина дневна тарифа за струјата зависи од калкулациите на РКЕ