Економско заздравување и забрзан економски раст на среден и долг рок, главен фокус на буџетот за 2021 година

Од:

„Поддршка на здравството и економското заздравување од кризата предизвикана од ковид -19 се главните приоритети за наредната година. Воедно ќе се спроведат реформи во јавните финансии што ќе поддржат забрзан економски раст на среден и долг рок“, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими на средба одржана по повод подготовката на Буџетот за 2021 година со меѓународните институции, а на која учествуваа делегации од ЕУ, ММФ и Светска банка, а истото го нагласи и на експертската средба што се одржа исто така по тој повод.

„Целокупниот процес на реформи во јавните финансии ќе значи воведување на концептот на SMART Finance (СМАРТ финансии – стратешки, одржливи, одговорни, реформски и транспарентни), односно јавни финансии што ќе поддржат забрзан економски раст на среден и долг рок, во рамки на фискална одржливост и макроекономска и финансиска стабилност“ – потенцира министерот.

„Понатаму“, додава тој, „клучните темели на кои ќе биде поставен Буџетот за 2021 година ќе бидат забрзан, инклузивен и одржлив економски раст којшто ќе се темели на владеењето на правото и подигнување на капацитетот на институциите, реализација на инфраструктурни проекти што придонесуваат во растот, како и спроведување мерки и политики за развој на човечкиот капитал и за подобрување на конкурентноста на компаниите“.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6