Директорот за енергетика на ЕБРД и директорот на АД ЕСМ во посета на фотонапонската електрана ,,Осломеј- 1” во Кичево

Од:

Генралниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот за енергетика во Европа од ЕБРД, Грегош Зеленски ја посетија фотонапонската електроцентрала „Осломеј- 1“ од 10 MW во Кичево, чија изградба беше финансирана со поволна кредитна линија од ЕБРД и која е веќе функционална.

Европската банка за обнова и развој ќе продолжи со финансиска поддршка на зелената агенда на АД ЕСМ. Со поволни финансиски услови ќе се влезе во изградба и на два други проекти, кои се веќе во фаза на подготовка, а тоа се фотонапонска електроцентрала ,,Осломеј-2” со инсталирана моќност исто така од 10 MW и фотонапонска електроцентрала „Битола-1“ од 20 MW.

Овие три електрани ќе бидат доволни за снабдување со електрична енергија на околу 10.000 домаќинства.

При посетата, директорот од ЕБРД, Грегош Зеленски порача дека е многу важна транзицијата на зелена енергија низ земјите од Европа, особено во земјите од западен Балкан кои се зависни од фосилни горива.

„Апсолутно задоволство е да се види завршената изградба на соларните панели. Ова е најдобар пример како ЕБРД во соработка со нашите бизнис партнери може да испорача транзиција на зелена енергија, во овој контекст ЕСМ може да смета на нашата континуирана поддршка“, изјави Зеленски.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски се заблагодари на ЕБРД за соработката во рамките на зелената аенда.

„Ние сме насочени кон изградба на нови сончеви електрани и ни значи целокупната поддршка која континуирано ја добиваме од нашите партнери како енергетска компанија ориентирана кон инвестиции во обновливи извори и спроведување на енергетската транзиција, за што сме препознати како пример од страна на Енергетската Заедница“, изјави директорот Ковачевски.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов