(ВИДЕО) Димовски: Власта манипулира со пазарџиите со одложување на законот

Од:

Парламентарното мнозинство на чело со СДСМ, денеска уште еднаш покажа дека нема слух за проблемите и потребите на граѓаните. На денешната седница на Собранието беше одбиен предлог законот за трговија на зелени пазари кој го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, изјави Љупчо Димовски, пратеник од колицијата „За подобра Македонија“.

Според него, овој закон кој што СДСМ експресно го одби, предвидува престанок на важењето на штетниот закон за трговија на зелени пазари кој го донесе СДСМ, без присуство на опозицијата.

„Свесни за штетниот закон кој што го донесоа, СДСМ во пресрет на изборите се одлучија да поднесат закон со кој се предвидува одложување на стапувањето на сила на законот после изборите.СДСМ наместо да го реши проблемот на пазарџиите само го одложува. Со штетниот закон на СДСМ се воведуваат казни од 1500 до 2000 евра и се бркаат пензионерите и хонорарците од зелените пазари. Законот кој што го донесе СДСМ директно ќе удри на најмалку 20.000 граѓани кои што егзистираат продавајќи на зелените пазари.

Власта мора веднаш да престане со хајката по луѓето од зелените пазари, казните со илјадници евра и понижувањето на оние кои чесно работат.Овој штетен закон мора да се укине, а не да се одложува.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата ќе бараат да се одржи и јавна расправа во рамките на Комисијата за економски прашања на која би се изнеле разни ставови и решенија од страна на сите засегнати страни од овој штетн закон”, додаде тој.

Изјавата следи откако пратениците денеска изгласаа да се носи закон по скратена постапка за одложување на неговата примена за една година.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови