Димовски: Веќе не постои терминот неисплатени, туку непребиени субвенции

Од:

Исплатата на субвенциите е во тек и се одвива без никаков проблем, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Како што рече Димовски пред состанокот на Советот за земјоделство и рурален развој, од 2011 година веќе не постои терминот неисплатени, туку непребиени субвенции, со заостаната обврска на земјоделците за неподмирена закупнина за користење државно земјоделско земјиште.

– Во фаза се потпишувањата на договорите меѓу Министерството и корисниците на државното земјоделско земјиште. Тие треба да знаат дека со ова се пролонгира обврската за нивно плаќање до 31 јуни следната година кога е последниот датум да ги платат овие обврски. Истовремено извршивме корекција и во Законот за земјоделско земјиште согласно која, за слични случаи, за неплатени обврски се е предвидено наеднаш, за 2011 и 2012 година разликата од обврската до вистинската вредност на субвенцијата да биде наеднаш исплатена, објасни министерот, одговорајќи на новинарски прашања.

Вакви случаи, нагласи, нема многу. – За сума не би можел точно да кажам, но сигурно не е толку голема колку што може некој да шпекулира, подвлече министерот Димовски.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници