Димковски: Земјоделците од кочанско да поднесат пријави за проценка на штетите од невремето

Од:

Министерот за земјоделство Трајан Димковски попладнево направи увид во поплавените земјоделски површини и оствари средба со земјоделците од кочанскиот регион кои претпреа најголеми штети од обилните врнежи.

На средбата беше појаснето дека земјоделските производители треба што поскоро да се поднесат пријави за проценка на штетите, со што ќе се овозможи полесно да се согледаат последиците од поплавите и да се сумира вкупната штета, особено кај градинарските култури.

-Најголема штета од поплавите претпрпе индустриската пиперка која беше пред берба, поради што им укажавме на земјоделците да поднесат пријава до општинската комисија за проценка на штетите. Во истата апликација можат да наведат и евентуална штета во стопанските дворови, односно на складираните земјоделски производи и сточната храна во амбарите и складовите, па дури и на самите објекти. Сето тоа ќе влезе во еден елаборат за да се види целокупната штета, при што укажавме да не се направат одредени грешки, односно сите слабости што ги имаме увидено како претходно искуство да не се повторуваат и работите да течат во правилна насока. Со изработката на таков елаборат, ќе се избегне можноста владината комисија, која е под ингеренции на Министерството за финансии, да ги враќа на дополнување или повторно разгледување доставените пријави од земјоделците. Така целата постапка поефикасно ќе се заврши, а и земјоделците побрзо ќе ја добијат очекуваната помош како обесштетување за претпрената штета, истакна министерот Димковски.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско