Димковски: Преку мерките од ИПАРД 2 и од националните програми ќе го поттикнеме производство на преработки од праз

Од:

Министерт за земјоделствo, шумасртво и водостопанство, Трајан Димковски денеска во село Градошорци, општина Василево, присуствуваше на традиционалната манифестација „Ден на празот“, којшто се одржува по 12-ти пат.

Министерот Димковски посочи дека празот е бренд за овој регион, а со цел да се зголеми производството, оваа култура е финансиски поддржана преку мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, но на располагање се и мерките од Програмата за рурален развој и од ИПАРД 2, во делот на кофинансирање на трошоците за инвестиции во преработувачки капацитети коишто се важни за оваа земјоделска култура.

„Ние како ресорно министерство ќе бидеме отворени за помош во делот на промоцијата и модернизирањето на производството. Ќе ги поттикнеме бизнисмените да инвестираат во преработка на празот, посебно како состојка во многу зачини и преку сушење, што ќе овозможи оваа култура да ја има на пазарот цела година и да се извезува. Во тој дел бизнисмените кои сакаат да инвестираат ја имаат поддршката од Владата, како преку националните програми, така и преку ИПАРД 2 програмата, со цел да се амортизираат вишоците од производството на праз, но и за добивање на преработки“, изјави Димковски.

Во делот на обезбедување на сигурен пласман за празот, министерот Димковски посочи дека веќе се работи на проектот на Светска банка за изградба на откупно-дистрибутвни центри, а една од избраните локаци за изградба на ваков центар е Струмица, којшто ќе го покрива целиот регион. Изградбата на откупно-дистрибутивниот центар во Струмица ќе биде инвестиција вредна 6.2 милиони евра. Овој модерен откупно дистрибутивен центар ќе се фокусира на главните култури произведени во регионот, како што се домати, зелка и пипер. Центарот биде изграден на 12.000 квадратни метри површина со капацитет за 25.000 тони откуп на земјоделски производи.

На манифестацијата „Ден на празот“, присусутвуваше и градоначалникот на Василево, Марјан Јанев, а посетителите, можеа да ја покажат своја хуманост на дело, донирајќи парични средства за специјалитетите од праз што ќе посакаат да ги дегустираат. Собраните парични средства општината ќе ги донира на оние на кои им се најнеопходни. На манифестацијата освен како свеж производ, беа претставени и специјалитети подготвени со праз.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп