Димковски од Ресен: Добиена согласност за набавка на пластични гајби, се олеснува работата на производителите на овошје

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски денеска беа во посета на Општина Ресен и преспанскиот регион, каде ги информираа земјоделците за можноста за набавка на пластични гајби, што ќе особено на производителите на јаболко ќе им ја олесни работата.

Димковски соопшти дека МЗШВ вчера добило нова согласност за набавка на пластични гајби наменети за берба, складирање и транспорт на овошје. Средствата за оваа набавка, како што стои во соопштението, се обезбедени преку ИПАРД Програмата, Мерка 1- инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства.

-Кофинансирањето ќе биде од 50 отсто до 75 отсто, а со набавка на овие пластични гајби што се со капацитет до 20 килограми, на земјоделците им се олеснува бербата, транспортот и складирањето на јаболката. Пластичните гајби се многу полесни од дрвените, но истовремено се и полесни за одржување, особено во одржувањето на хигиената. Секако останува и понатаму да тече редовната набавка на бокс палети со капацитет од 300 килограми, изјави министерот Димковски при денешната посета на Општина Ресен.

Од МЗШВ наведуваат дека една од целите за модернизација на земјоделското производство беше и инвестицијата за набавка на современ систем за заштита од град, бидејќи стариот начин на заштита беше застаран и недоволно ефикасен.

МЗШВ, додаваат, заедно со УХМР неодамна започна да ја применува оваа нова метода на засејување на градонoсните облаци со сребрен јодид.

-Во последниот период беа извршени повеќе успешни интервенции, на територијата на целата држава со што успешно беше спречена појава на град, а со тоа беа заштитени земјоделските насади и трудот на земјоделците. Преспанскиот регион беше една од локациите каде се дејствуваше со авионско засејување на градоносните облаци, што придонесе да се заштитат овоштарниците со јаболка, истакнуваат од Министерството за земјоделство.

Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски и директорот на УХМР Ивица Тодоровски ја потенцирале важноста на мерките што беа преземени во изминатиов период во насока на заштита на земјоделското производство.

-Во Преспа се наоѓаат најголемите овошни насади со познатото препанско јаболко. Во овој регион има многу земјоделци кои одгледуваат јаболко и други овошни видови и се директно засегнати од мерките кои оваа Влада и МЗШВ ги преземаат за заштита, унапредување и развој на овоштарството во нашата држава, наведуваат од Министерството и оценуваат дека земјоделците веќе го гледаат бенефитот од добрите политики на оваа Влада, грижата и понатаму продолжува.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме

МЗШВ: Блокадите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ оставаат 200 земјоделски стопанства без субвениции