Димковски: Непотребен е рокот од седум дена што го дадоа земјоделците на протестот во Скопје

Од:

Рокот од седум дена што го дадоа земјоделците на саботните протести во Скопје воопшто е непотребен, бидејќи сме немале период во кој не сме разговарале со нив, а мотивот за протестите е повеќе од јасен, оцени денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

-Увидовме, се покажа и се потврди дека протестите се политички мотивирани. Цело време сме во комуникација со земјоделците и во континуитет разговараме. Голем дел од барањата кои ги поставија веќе се реализирани, а за утре имаме договорено средба со лозарите за да ја финишираме мерката што ја најавивме. Ден пред протестот е исплатена мерката за оризопроизводителите, како и втората фаза за млекопроизводителите. Останува да ги прецизираме исплатите што ќе следат со ребалансот на Буџетот и дополнителните средства што ги добивме, рече Димковски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во МЗШВ.

Очекуваме, додаде, до крај на годината да може да се исплати уште една фаза за млекото, а првпат, како што кажа, е предвидена дополнителна интервентна мерка со која се дава субвенција од 400 денари за заклано јагне предадено во кланичен капацитет.

-Отворени сме за соработка и за комуникација. Земјоделците кои завчера даваа изјави неколкупати беа тука и разговаравме заеднички со нив. Едниот од нив за оризова арпа има добиено 130.000 денари субвенции, а вториот за одгледување овци има добиено 194.000 дери од кои само 64.000 денари се за органско производство. Верувама дека сите барања кои се од земјоделски и економски аспект се релевантни да се разговараат во МЗШВ, а за другите политички барања кои ги поставија нема што да разговараме ние како Министерство, посочи Димковски.

Потврди дека не е целосно исплатена субвенцијата за млекопроизводителите и додаде дека има наследена состојба што се провлекува.

-Се надевам дека годинава и во текот на наредната година ќе бидат подмирени сите заостанати обврски кон нив. Очекувам со буџетот за 2020 година да се елиминира долгот кон сточарите, рече Димковски.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп