Димковски и Бабовски во Кавадарци: Продолжуваме да инвестираме во развој на општините и поттикнување на регионалниот развој

Од:

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски беа во посета на локацијата кадешто започнува изградбата на велосипедската и пешачката патека до Моклиште, во општина Кавадарци.

За овој проект, општината, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе добие финансиска поддршка од над 14,6 милиони денари. Дел од оваа велосипедска патека ќе се гради и преку проектот од Центарот за развој на Вардарски регион. Со двата проекта ќе се изгради велосипедска патека во должина од 4.000 метри.

Освен овие два проекти, општина Кавадарци преку мерките од Програмата за рурален развој конкурираше со уште два проекта односно реконструкција на водоводни линии на 5 улици во село Сопот и изградба на пристапен пат до земјоделско земјиште во Моклиште, за што финансиската поддршка е над 747 илјади денари.

Министерот Димковски, посочи дека овие проекти ќе придонесат за подобрување на условите за живот во оваа општина, за уредување и подобрување на местата за рекреација на сите жители, за подобар пристап до нивите на земјоделците и за квалитетно водоснабдување.
„Ова е еден од 200-те проекти финансирани од Програмата за рурален развој. Местото на коешто сме сега, каде што започнува изградбата на велосипедската и пешачка патека, ќе им овозможи на локалното население, но и на странските туристи достојно место за рекреација. Ваквите проекти ќе придонесат за заживување на руралните средини, развој на руралниот туризам, и токму тоа е и политиката на Владата, да создадеме подобри услови за живот во сите општини“, изјави министерот Димковски.

Директорот на Платежната агенција, Бабовски, посочи дека за сите четери проекти општина Кавадарци ќе добие финансиска помош од близу 50 милиони денари.

„Тоа се проекти кои се од витално значење за жителите на општина Кавадарци. На овој начин обезбедуваме рамномерен регионален развој во сите рурални средини, со акцент на тоа дека за сите рурални средини во Република Северна Македонија, мора да се обезбедат достоинствени услови за живот и развој на средините“, изјави директорот Бабовски.

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, изјави дека со изградбата на велосипедската патека ќе се заокрижи еден крупен проект, којшто е важен за општина Кавадарци, а изградбата ќе заврши за три месеци.

За трите мерки од Програмата за рурален развој пристигнаа над 200 барања со подготовени капитални проекти од сите 80 општини и 8 Плански региони, за што, Владата на Република Северна Македонија обезбеди 38 милиони евра преку Програмата за рурален развој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата