Димитриевска-Кочоска: До крајот на месецот се очекуваат понудите од банките за 400 милиони евра

Од:

Најдоцна до 5 мај се очекува да се добијат 400-те милиони евра што државата ги бара од комерцијалните банки, за обезбедување дополнителни средства за надминување на кризата предизвиката од коронавирусот, а банките своите понуди да ги достават до крајот на овој месец, вели дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриевска Кочоска.

-Во саботата ставив потпис на писмата што се пуштија до ММФ и Светска банка, како и  до комерцијалните банки. Целта беше да се обезбедат дополнитлени средства  со цел да ја надминеме оваа криза.  Согласно она што е наведно во писмата се бара пред се комерцијалните банки своите понуди да ги достават  до крајот на март  по што ќе следи евалуација од страна на  вработените во секторот за јавен долг  при Министерството за финансии  по што ќе треба да се потпише  договор. Ќе се потпишува договор согласно англиското право па  оради тоа дополнитлено ќе се ангажира  и во писмото се бара адвокатска куќа која што би помогнала во овој дел, што значи дека средствата најдоцна до 5 мај ги очекуваме да бидат исплатени до колку  нели се би одело како што треба, рече Димитриевска Кочоска во гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Таа додаде дека станува збор за 400 милиони евра, а во  однос на барањето до ММФ рече дека  се чека оваа институција да се произнесе и оти очекува тие средства  да стигнат побрзо.

Се уште нема информација,како што рече, колку средства ќе ни се стават на располагање  од Светска банка и за колку време би ги добиле. Бараме помеѓу 100 и 120 милиони евра, но, посочи, не знаеме колку ќе ни одобрат.

Дополнителната заменик-министерка за финансии не се очекува проблеми да се обезбедат овие средства, но, како што рече, можеби ќе биде само прашање која е цената.

Димитриевска Кочоска посочи дека проекциите се оти на приходната страна ќе има 60 отсто помалку приходи од планираното во Буџетот за оваа година, ако се има предвид состојбата со коронавирусот каде немаме тренд на намалување, туку се зголемува и ќе трае одреден период.

-Имаме четири  милијарди  евра приход. Од тие ќе имаме 40 отсто  приходи, што е  во суштина 1,6 милијарди  приход. Се друго недостига. Недостигаат отприлика 2,4 милијарди,  истакна Димитриевска Кочоска.

Би можело да ве интересира

МФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, обезбедени 98,6 милиони од ЕБОР

МФ: Се проширува поддршката од Трезорот на САД – Нов Договор за зајакнување на капацитетите за надзор над небанкарскиот финансиски сектор

МФ: Конзистентноста во политиките, напорите за фискална консолидација и економски раст потврдени од „Стандард и Пурс“, задржан кредитниот рејтинг

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот