Девет месеци по ред паѓа индустриското производство на Хрватска

Од:

Индустриското производство во Хрватска опадна во јули, деветти месец по ред на годишно ниво, иако со малку пониска стапка од јуни.

Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска објави дека индустриското производство паднало за 1,6 проценти на годишно ниво во јули, додека се зголемило за 5,6 проценти во споредба со претходниот месец, пренесува порталот Seebiz.

Хрватската индустрија бележи постојан пад на годишно ниво од ноември минатата година.
Во јули, најголем годишен пад, од 9,3 проценти, е забележан во производството на нетрајни производи за широка потрошувачка. Производството на меѓупроизводи потона за 2,6 проценти.

Од друга страна, производството на капитални производи скокна за 14,7 проценти, раст од 2,1 процент, во производство на енергија и производство на трајни производи за широка потрошувачка со пораст од 1,7 проценти.

Во периодот јануари-јули 2020 година, хрватската индустрија имаше пад од 5,7 проценти во споредба со истиот период претходната година.

Јулиските податоци за индустриското производство, како и неодамнешните податоци за падот на прометот во трговијата на мало, најавуваат продолжување на трендот на пад на економијата во третиот квартал, по рекордното намалување од 15,1 процент забележано во вториот квартал. Тоа значи дека Хрватска официјално ќе влезе во рецесија.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски