Детален увид во процесите на увоз и извоз при купување преку интернет

Од:

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) преку платформата „eCommerce4All.mk“ на едно место ги прикажува сите курирски компании во држава, каде транспарентно се прикажани ценовниците и можностите за испорака на пратки кои тие ги нудат, што, според денешното соопштение од АЕТМ, ќе доведе до зголемена конкурентност и транспарентност за локалните компании за е-трговија и крајните клиенти. Дополнително, преку овој модул, а во соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија, ќе овозможат детален увид во процесите на увоз и извоз при купување преку интернет.

-Се покажа дека оваа година беше клучна за поштенската индустрија која му ја покажа на светот својата флексибилност, упорност и непроценливата улога која ја игра во секое општество. Тоа беше дел од пораката за Светскиот ден на поштите, потенцирајќи ја важноста и пожртвуваноста на поштенските работници додека пандемијата и карантините беснееја низ целиот свет и истите работеа напорно за да ги достават поштенските пратки. Сведоци сме дека доставата е една од клучните алки во синџирот на е-трговијата. Не секоја од компаниите има развиено своја достава, па затоа и најчесто се користат курирски компании за достава на пратките, наведуваат од АЕТМ.

Царината, стои во соопштението, има клучна улога во прекуграничното движење на стоките и во прекуграничната е-трговија, бидејќи стоките што се предмет на извоз или увоз треба да бидат предмет на царинска контрола. – Како резултат на одличната соработка со Асоцијацијата за е-трговија, преку овој модул и промотицните видеа, Царинската управа треба да им помогне и да ги охрабри економските оператори, особено малите и средни претпријатија да се вклучат во прекуграничната е-трговија и да ги извезуваат нивните производи во странство, велат од Царинската управа.

Преку овој модул, како што велат од АЕТМ, сите е-трговци и е-потрошувачи на едноставен и интерактивен начин се информираат и запознаваат за понудата и можностите кои ги нудат курирските служби во нашата држава сѐ со цел правилно да одлучат и одберат кој ќе биде нивни партнер при испораката на производите кои онлајн ги продаваат.

-Асоцијацијата за е-трговија на Македонија преку интернет платформата „eCommerce4All“ едуцира за безбедно и легално онлајн продавање и купување, подигнување на свеста и намалување на сивата економија, зголемување на конкурентноста на постоечките е-трговци и отворање на нови е-продавници со сопствено веб решение или како дел од локален е-пазар, додаваат од АЕТМ.

Веб платформата е дел од иницијативата „E-commerce for All”, која се реализира со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Би можело да ве интересира

Вредноста на онлајн трансакциите во 2023 изнесува 649 милиони евра, информира Асоцијата за е-трговија

Орце Костов

Македонците најмногу пари онлајн потрошиле во Велика Британија

Ана Ололовска

Fashion Group освои седум награди на E-commerce Awards 2022

Ана Ололовска

Македонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци

Ана Ололовска

Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија

Ана Ололовска

Македонците потрошиле 203,1 милиони евра купувајќи од домашни онлајн продавници

Ана Ололовска