Десет најголеми државни банкроти

Од:

Во текот на поновата историја многу држави морале да прогласат банкрот. Причините за тоа биле разни, а исто така и последиците.

Ви донесуваме преглед на десет најголеми банкроти во последните 100 години.

1923 Германија

Околу 200 милијарди марки за векна леб! Во текот на 1923 година Германците за купување намирници оделе со корпи полни со пари. Овој пад на вредноста на парите бил еден од најекстремните во некоја индустриска нација.

Вредноста на марката паѓала речиси од час во час. Оваа хиперинфлација била последица на Првата светска војна и екстремното задолжување. Ова искуство и шок влијаеле и на идните генерации на Германци.

1933 Њу Фаундленд

Њу Фаундленд е еден од малубројните примери кои покажуваат дека стечајот на некоја држава воедно може да значи и нејзин крај.

Имено, денешната канадска провинција Њу Фаундленд порано била самостојна држава во рамки на Британската Империја.

По нејзиниот банкрот во 1933 година оваа земја ја загубила својата независност и од тогаш е дел од Канада.

1945 Германија

По Втората светска војна, ништо повеќе не било како порано, Германија тотално банкротирала. Три години по војната, вредноста на валутата продолжила да паѓа бидејќи индустријата како и земјоделството не функционирале. Истовремено, во оптек биле се повеќе пари.

Економскиот раст почнува во 1948 со реформата на валутата и со воведувањето на три зони во земјата, руска, американска и британска.

1971 САД

Она што во текот на 70-тите години се случило во САД, денес е познато како „Никсонов шок“.

Тогашниот претседател на земјата, Ричард Никсон, речиси преку ноќ се откажал од т.н. златен стандард, односно донел одлука доларот повеќе да не мора да има противвредност во злато.

Со тоа тој всушност прогласил стечај на својата земја.

1998 Русија

Поради падот на цената на нафтата во 1998 година, падна и вредноста на руската рубља.

Економски гледано, на Русија не и одеше многу добро уште од распаѓањето на Советскиот Сојуз. Русија се повеќе се задолжуваше, а вкупно нејзиниот долг достигна 140 милијарди долари.

Тоа беше премногу и Русија повеќе не беше во состојба да ги отплатува своите долгови и објави стечај. Оваа криза на рубљата инаку беше петти стечај по ред на оваа најголема земја на светот.

2002 Аргентина

Актуелната криза кај многу Аргентинци може да разбуди непријатни сеќавања на 2002 година. Тогаш колабираше финансискиот систем откако државата стана платежно неспособна.

Последица на инсолвентноста беше хаосот: генерални штрајкови, судири со полицијата, кражби во супермаркети, банки. Најголемиот дел од заштедите тогаш пред се ги загубија припадниците на средната општествена класа.

2008 Исланд

Во текот на гобалната финансиска криза Владата на Исланд се обиде да ја спаси земјата со тоа што банките преминаа во рацете на државата.

Но, овој чекор беше направен предоцна. Исланд повеќе не можеше да ги отплатува своите долгови и де факто отиде под стечај.

Официјално, оваа земја сепак не банкротираше, меѓу другото и затоа што доби помош од ММФ.

2010 Грција

Должничката криза во Грција со години беше на дневен ред во ЕУ. Секогаш одново оваа земја во последен момент, по низа ноќни седници во Брисел, успеваше да избегне банкрот.

Кризата во Грција сепак предизвика многу длабоко последици: речиси секој четврти жител е невработен, а кај младите до 25 години дури секој втор е без работа.

2012 Белизе

Само 23 милиони долари го одведоа Белизе во банкрот.

Оваа мала држава во Централна Америка имаше преголеми девизни долгови и повеќе не беше во состојба да ги враќа долговите, поради што прогласи стечај.

Дојче веле – Берлин

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

Орце Костов