Денови на финансиската писменост: Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани

Од:

Како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост коишто ќе се одржат следната недела, Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска. Ќе бидат на темите: Монетарната политика на Народната банка  – 1 декември, во 14 часот; Информации потребни при избор на кредит – 2 декември, во 10 часот;  Платниот систем и платежните услуги – 2 декември, во 14 часот и  Банкарската супервизија – 3 декември, во 14 часот.

Презентациите ќе се одржуваат преку интернет, на платформата „Вебекс“. Ќе бидат наменети за заинтересирани граѓани со основно и со понапредно ниво на знаења, односно ќе ги опфатат како основните, така и подеталните аспекти од наведените области. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка.

Заради организирање на презентациите во зависност од искажаниот интерес, сите заинтересирани граѓани треба да го најават своето присуство преку порака: – на е-адресата: [email protected] или  на официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“.

Притоа, секој заинтересиран граѓанин треба да наведе за која презентација/тема најавува присуство. Рокот за пријавување е најдоцна еден ден пред одржувањето на предавањето, најавуваат од НБРМ.

Би можело да ве интересира

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

Орце Костов

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму ќе се намалува, но потребни се структурни реформи за да станеме поотпорни на шокови

Средба со Светска банка: Народната банка придонесува за одржување на здравоста на финансискиот сектор преку својата макропрудентна политика

Средби со ММФ: Успешен пристап на Народната банка во совладувањето на инфлацијата и одржување на стабилноста

А1он