Деаноски: Нема да отстапиме од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Од:

Нема да отстапиме од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра, бидејќи тоа е прагот под кој не смее да се отиде. Плата во висина од 450 евра не треба да добие никој од вработените во јавниот и приватниот сектор, тоа е социјална помош која државата ја дава на вработените, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Како пример, Деаноски ја посочи Босна и Херцеговина која неодамна ја покачи минималната плата на 600 евра.

-Барањето 450 евра останува на маса, тоа е наше барање, не е истакнато сега, истакнато е уште пред неколку години. Гледаме дека во сите држави во регионот се зголемува минималната плата, како што видовте БиХ ја зголеми на 600 евра. Ако може БиХ зошто ние не можеме да го следиме нивниот пример. Тие многу едноставно го направија тоа преку она што се вели трошоци за храна и превоз. Ние како Синдикат на УПОЗ со години наназад најавуваме дека храната и превозот не е додаток, ниту надомест на плата и дека веќе никој не знае колку добиваме ние за храна и за превоз. Остана на една сума од 2009 година на 2.600 денари и тоа баш на цени за превоз и храна од 2009 година. Инфлацијата од 2009 до сега порасна на над 40 отсто, а цените останаа исти, рече Деаноски.

Дури 95 отсто од вработените во државна управа и правосудство имаат плата под просекот, додаде Деаноски, посочувајќи дека 450 евра согласно синдикалната кошничка не ги задоволува основните потреби за живот во Македонија.

-Функционерите добија поврзување со просечната плата. Ако може функционерите што земаат плата од Буџет како што земаме и ние зошто да не можат и работниците да го добијат истото. Она што ние очекуваме е конечно тоа да се случи, да добиваме процентуално зголемување на плата, а не линеарно како што добиваме сега со минималната плата. Ако остане како што е напишано сите вработени во март месец треба да добијат 12,8 отсто покачување на плата, меѓутоа и тоа е ствар на договор. Секако дека просекот е подобар од минималецот. Проекцијата е дека просечната плата ќе расте секоја година повеќе отколку што ќе расте минималната плата, затоа ние инсистиравме да бидеме поврзани со просечната плата, а не со минималната плата … Како држава бевме со плати бевме во рангот со Косово и Албанија, моментално сме последни во регионот со примања и во јавен сектор и во приватен сектор, посочи Деаноски.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Минималната плата да биде 24.500 денари се предлага за буџетот за следната година

Катерина Ѓуровски

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата против предлогот на СДСМ за измена на Законот за минимална плата

За зголемување на минималната плата ќе се дискутира в четврток на Економско-социјалниот совет

Покачувањето на минималната плата е регулирано со закон, сакаме богати и среќни работници, порача Мицкоски

Дурмиши: Ќе донесеме одлука за минималата плата која ќе ги задоволи сите засегнати страни

Катерина Ѓуровски