Дали франкот повторно ќе ги разниша светските пазари?

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

Многу луѓе кои се вклучени во аферата со швајцарскиот франк се во депресија и воопшто не сакаат да знаат каков е сегашниот курс на оваа валута, а тоа и не треба да ги интересира, бидејќи на државно ниво е донесен закон кој вели дека кобните кредити мора да се конвертираат во конвертибилни марки. Меѓутоа, сметам дека франкот повторно може да ги потресе светските пазари. Спорот со „Хипо Алпе Адриа“ банката продолжува, тврди Кемал Дураковиќ, претседател за Здружението на корисници на кредити во швајцарски франци во Босна и Херцеговина – УКК Франк.

Ланската криза предизвикана од растот на швајцарскиот франк може повторно да се случи, предупредија неодамна некои аналитичари. Денис Перинчиќ од Републичката унија на потрошувачи на Србија има слично мислење како Дураковиќ. – Историјата е учителка на животот, ја цитираше Перинчиќ познатата латинска поговорка, а тврди дека таа може да се примени на швајцарската валута и нејзиното влијание на светските пазари во минатото.

– Има повеќе економски причини франкот да расте отколку да слабее, а на долги патеки тој мора да расте. Само е прашање дали ниската каматна стапка ќе го компензира растот на валутата. Од 2008 до 2015 година ние видовме дека сите кои земаа кредити во швајцарски франци не поминаа добро, затоа што ниска каматна стапка не беше овозможена од страна на банката. Моја прогноза е дека франкот и натаму ќе расте во однос на другите валути и дека ќе предизвика нестабилност, бидејќи постојано ќе мора да се плаќа разликата и така тие кредити ќе бидат обесмислени, тврди Перинчиќ.

Спас во златото и франкот

Познато е, вели тој, дека швајцарскиот франк во изминатите 40 години скокна пет пати во однос на американскиот долар, а доларот е главна светска валута од 1945 година, по укинувањето на златниот стандард.

Тој додава дека растот на швајцарскиот франк кој е релативно мала валута, посебно е изразен кога се случуваат светски економски кризи, па така во 2008 година инвеститорите „бараа спас во швајцарскиот франк‟.

Меѓутоа, некои аналитичари велат дека нема директни ризици Швајцарската национална банка повторно да го шокира светскиот пазар. Хрватскиот аналитичар Дамир Новотни смета дека движењето на швајцарскиот франк не може во кус рок да предизвика нов монетарен шок, бидејќи не постојат околоности какви што беа минатата година.

– Денес повеќе не гледаме притисок на швајцарскиот франк, бидејќи побарувачката за оваа валута значително е помала од пред година или две, кога големата побарувачка доаѓаше од Русија, од која бегаше капиталот и наоѓаше мирно место во Швајцарија, смета Новотни.

Тој смета дека Швајцарската национална банка, која е приватно акционерско друштво, денес е неспоредливо подобро подготвена за притисоци на франкот. Од друга страна, тврди тој, понатамошен раст на франкот не и одговара на швајцарската економија, која исто така претрпе загуби поради силната домашна валута. Посебна штета имаше секторот за туризам и туристичката потрошувачка.

Швајцарската национална банка кон крајот на 2015 година објави дека продолжува со експанзивната монетарна политика, значи со политика на зголемување на количеството на парите во оптек. Новотни смета дека таквата политика сигурно ќе ги обесхрабри шпекулациите во врска со растот на курсот на швајцарскиот франк во однос на еврото.

Со закони против кризата

– Централните банки и владите на земјите во кои банките одобруваа кредити во франци, како што е тоа случај во Хрватска и Полска, како и во земјите на Југоисточна Европа, во меѓувреме спроведоа мерки кои би спречиле нова криза. Хрватската Влада така донесе закон со кој банките се принудуваат на конверзија на кредитите во франци во кредити во евра и во хрватски куни, па на тој начин може да се избегне нова криза, смета Новотни.

Ако сепак дојде до тоа, заклучи тој, таква криза најмногу ќе ги погоди извозниците во Швајцарија и нема да се прелева на другите земји.

Професорот на Економскиот факултет во Загреб, Љубо Јурчиќ смета дека девалвацијата на швајцарскиот франк би значела зголемување на долгот на луѓето погодени од ланската криза. Тој, сепак смета дека франкот, тешко може повотрно да ги потресе светските пазари како минатата година.

– Зависи од шпекулантите, дали ќе одиграат игра по повод некој настан кој би бил во нивна корист. Интензитетот не би можел да биде голем како пред една година, бидејќи стопанството на ЕУ во целина и посебно американското моментно делуваат стабилно, па нема да има голем одлив од еврото и доларот во швајцарски франци, тврди Јуричиќ.

Тој вели дека нема голема опасност, но постои мала опасност од најавата на Европската централна банка дека може да дојде до уште едно, додуша помало, монетарно попуштање.

– Со едноставен јазик кажано, тоа би било зголемување на количеството на еврата несогласно со зголемувањето на производството во еврозоната, што де факто значи намалување на вредноста на еврото, т.е. зголемување на вредноста на франкот, истакнува тој.

Јурчиќ смета дека швајцарската централна банка мора да донесе одлука за цената на купување на евра или долари и за количеството кое е расположена да го откупи.

– Големо зголемување на цената на франкот т.е. девалвација, помалку или повеќе би значело во ист процент поскапување на швајцарската стока на светскиот пазар. Пропорционалното поскапување на стоката би го намалил швајцарскиот извоз, производство, вработеноста, даночните приходи… Затоа одлуката на швајцарската Влада и Централната банка ќе биде донесена меѓу таложењето на помалку вредни евра и намалувањето на швајцарскиот извоз, заклучи Јурчиќ.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов