Црногорците најзадолжени на Балканот, тврди директорот на Балканскиот бизнис центар

Од:

Финансиското здравје на Црна Гора е сериозно оштетено, бидејќи задолженоста од стекнувањето независност во 2006 година се зголеми за речиси 300 отсто, додека за истиот период, бруто домашниот производ (БДП) порасна за само 45 отсто, изјави во интервју за „Вијести” директорот на Балканскиот бизнис центар, Бранко Драгаш.

– Вкупниот долг на Црна Гора на крајот од 2018 година изнесуваше 3,09 милијарди евра. Ако знаеме дека во 2006 година, кога Црна Гора се осамостои, тој изнесуваше 701 милиони евра, јасно е дека независна Црна Гора има рекорден долг од 2,3 милијарди евра или 192 милиони евра годишно. Црна Гора има 620.029 жители, и тоа значи дека секој граѓанин должи околу 5.000 евра , истакна Драгаш.

– Од 2006 година, Црна Гора има годишен економски раст од 3,5 отсто, што значи дека БДП порасна кумулативно за 45 проценти, но задолженоста се зголеми за речиси 300 проценти. Како може со седум пати поголема задолженост од економскиот раст да се обезбеди финансиска стабилност? Тоа е невозможно… Како кога платата на 52 отсто вработени е 250 евра и како кога преку 52.000 млади луѓе се невработени, повеќе од 20.000 деца живеат во апсолутна сиромаштија, а над 65 отсто од пензионерите не можат да состават крај со крајот. Ќе има се повеќе и повеќе сиромашни и се помал број богати, вели Драгаш.

Би можело да ве интересира

Црногорец дава 1.000 евра награда за тој што ќе убеди политичка партија да ги бојкотира изборите

Могерини ќе се сретне со лидерите на Западен Балкан во Њујорк

Хрватска, Словенија и Црна Гора меѓу 40 најубави земји во светот

А1он

Црногорски бизнисмен со нови снимки за наводна корупција во Обвинителството

ВИДЕО: Црногорски политичар уапсен на покривот на автомобилот – полицијата едвај го совлада со солзавец

Ана Ололовска

Институт за безбедност: Москва го поддржува национализмот на Балканот за одржување статус кво

Ана Ололовска