Ципрас апелира кредиторите да одобрат мерки за грчкиот долг

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас апелираше до Меѓународниот монетарен фонд и европските кредитори да се договорат за мерките за грчкиот долг пред истекот на рокот за згаснување на дел од долгот на земјата.

– Очекуваме решение во јуни, истакна Ципрас, додавајќи оти „Атина, исто така, очекува јасни насоки за олеснување на сериозното бреме од долгот“.

Кредиторите од еврозоната и од ММФ спорат како да продолжат да и помагаат на Грција, која е во третата програма за спас по финансиската криза во 2010 година.

ММФ проценува дека ситуацијата во Грција е тешка и бара олеснување на долгот, а Германија е против тоа на краткорочен план. Несогласувањето меѓу Германија и ММФ ги спречија кредиторите на 22 мај да и дадат на Грција нова транша од програмата за спас. Нова можност за договор е средбата на министрите од еврозоната на 15 јуни. Грција треба да врати шест милијарди евра во јули.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди