Чиј профит се мести со новиот закон за игри на среќа од Министерството за финансии?

Од:

Министерството за финансии наместо со решенија кои беа ветувани во предизборието, а во корист на граѓаните, се зафати со измени на законот за игри на среќа. Причината поради која се пристапува кон измена на законот е штиклирана како „друго“, а оправдување е дека коцкањето е штетно за младите лица.

Но, во истите измени на законот, Министерството се залага за набавка нови и модерни автомати за коцкање зошто постојните „биле стари“ по што, логично е да се истражи кој, зошто и со каква намера ги прави овие законски измени?

Уште повеќе, кој и каква корист има од нов закон за игрите на среќа?

Министерството за финасии наведува дека „игрите на среќа се приредуваат во простории кои се во близина на училишта“, а тоа влијаело на „поттикнување на младата популација кон лоши навики за нивната возраст“.

Од друга страна министерството е контрадикторно со оглед дека изразува загриженост дека има застарени автомати за игри на среќа кои биле над 15 години, кои не се знаело дале се исправни и функционални. Со ова најверојатно сака да се наметне потребата од увоз на нови машини односно апарати за игра на среќа, за кои „сосема случајно“ ќе добие лиценца некој што е веќе однапред договорен. Ваквата игра е откриена уште од старт од приватните авомат клубови кои остро реагираа.

– Предложеното нацрт законско решение на директен начин ја нарушува слободата на пазарот и претприемништвото со што е во спротивност со одредбите на Уставот на Република Македонија, спротивно е и на општите одредби на Законот за игрите на среќа и забавните игри и крајно спротивно е на Законот за трговија.

Единствениот „производ“ кој ќе го создадат ваквите одредби од нацрт законското решение се фаворизирање на одредени субјекти на пазарот, за сметка на други, креирање и зацврстување на монополската или олигополската позиција на одредени субјекти и на тој начин елиминирање на пред се домашни компании од пазарот на игри на среќа, се наведува во реакциите на приватните автомат клубови.

Во забелешките кои се испратени на страната на ЕНЕР приватните автомат клубови реагираат дека министерството сака да прибиви голем профит за државната лотарија, посебно за фирмата формирана во 2013 година, во која државна видео лотарија има 51 процент, а 49 проценти е приватна сопственост.

Како и под кои услови Државна видео лотарија формирала уште една фирма со 49 проценти приватен капитал и какви обврски има оваа фирма кон државата по се изгледа не ја интересира ниту новата влада. Токму, промена на сопственоста во приватниот дел има по доаѓањето односно формирањето на новата влада.

„Власта не наведува на што се темели оваа анализа за неисправност на автоматите ако се има предвид дека имааат гаранции, а дополнително државата, односно овластени лица од Министерството за финасии ги проверува при увоз и неколку пати годишно. Според законот е задолжителна проверката на сите автомати и нивната исправност“, се наведува во реакциите на приватните автомат клубови.

Ако само се прочита законот кој се изменува, јасно ќе биде дека автоматите за игри на среќа се проверуваат и во однос на нивната исправност и во однос на нивната функционалност пред нивното пуштање во употреба, но и секоја година најмалку еднаш годишно.

Ваквото утврдување и проверка на техничката исправност и функционалност на автоматите е задолжителна според закон и се прави од страна на овластено правно лице од страна на Министерството за финансии, така што за секој автомат на кој се приредува легално игра на среќа постои уверение издадено од надлежното правно лице дека истиот е и технички и функционално исправен за употреба, а секако и дека ги задоволува законски наметнатите стандарди за минимум исплатената добивка спрема играчите, стои во реакциите на засегнатите приватни автомат клубови.

„Во однос на тоа дека се поставуваат автомати кои се постари од 15 години и дека на приредувачите на игри на среќа никој не им гарантира за исправноста и функционалноста на увезените автомати, реакцијата е дека целта на ваквиот опис на состојбите е „на сила“ да се оправдува решение според кое увозот на автомати за приредување на игри на среќа ќе им припадне на привилегирани малкумина, кои ќе уживаат во монополска или олигополска позиција на пазарот, па преку новоизмислени лиценци од државата ќе можат на раат да увезуваат вакви автомати, непопречувани од неподобната конкуренција.

Продолжува…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Пендаровски се консултира со експерти за Законот за игри на среќа: Уште нема став дали ќе остане на изјавата дека нема да стави потпис

Александар Тодески

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стоименов: Ќе бараме отштета, плативме лиценци за повеќе години, а сега не затвораат

Александар Тодески

Пендаровски не кажува дали ќе остане на најавата дека нема да го потпише Законот за игри на среќа – Став ќе има откако ќе го добие законот