Четвртиот „Macedonian Manufacturing Expo“ онлајн од утре до 26 ноември

Од:

Од утре до 26 ноември ќе се одржи четвртиот  бизнис-настан „Macedonian Manufacturing Expo 2020 – The Virtual Edition“, наменет за  лесно преработувачката индустрија (преработка на метал, гума, пластика, електро-електронска индустрија) во земјава.

Асоцијацијата на метална и електроиндустрија МАМЕИ, која настанот го организира со Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, соопшти дека целта  е на едно местo да се поврзат македонските компании од наведените индустрии со купувачи од Европската Унија, како и со странските директни инвеститори за да се оствари бизнис-соработка со домашни компании.

Поради КОВИД-19 пандемијата, оваа година настанот ќе се одржува онлајн, на платформата www.eventora.eu/mme2020. Најавени се повеќе од 200 видео бизнис-средби меѓу 50 компании од земјата, регионот и Европската Унија. Исто така, посетителите на настанот ќе може да ги видат производите и излагачите презентирани на виртуелниот саем, како и да учествуваат на панел-дискусиите и презентациите од неколку домашни и меѓународни институции.

– Поради виртуелниот карактер на настанот, оваа година ги покануваме сите заинтересирани компании, организации, институции, како и индивидуални посетители кои сакаат да добијат нови знаења, контакти и можност за вмрежување со компании од повеќе од десет земји во регионот и Европа. Секој заинтересиран може бесплатно да се регистрира како посетител и да го проследи содржините на „Macedonian Manufacturing Expo 2020”, информира Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ.

Овој бизнис-настан почна во 2016 година како еднодневен, а од минатата година доби регионален и саемски карактер, вклучувајќи компании од целиот Балкан на бизнис-средбите, како и во саемскиот и конференцискиот дел во текот на повеќе денови. Настанот е поддржан од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и од Амбасадата на Холандија.

Би можело да ве интересира

Османи: Бизнисот треба да ги предводи добрососедските односи

Ана Ололовска

Азески: Политичките случувања не влијаат врз бизнисот со Бугарија

Заев на состанок со Асоцијацијата на странски компании: Партнерски креираме поволен деловен амбиент

Ана Ололовска

Турски „Арчелик“ купува 60 проценти од бизнисот на „Хитачи“

Креирана дигитална алатка за кариерно насочување

Ана Ололовска

Нова бескаматна кредитна линија од 31 милион евра за малите бизниси

Ана Ололовска