Централната банка ќе ги преземе сите мерки за да се задржи ценовната стабилност, уверува Ангеловска-Бежоска

Од:

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска уверува дека централната банка ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел да ја задржи ценовната стабилност. Вели дека будно ги следат сите движења и доколку има потреба, соодветно ќе реагираат.

Досега, како што изјави, инфлацијата се задржува во умерени рамки. Очекувањата се дека ова забрзување на инфлацијата ќе се стабилизира и веќе од следната година таа ќе биде пониска во однос на оваа година.

– Досега инфлацијата се задржува во умерени рамки, иако ние направиме ревизија од 1,5 проценти на 2,2 проценти. 2,2 проценти сеуште упатува на задржување на инфлацијата во умерени рамки. Она што е многу значајно кога се зборува за инфлацијата е тоа дека треба да ги знаеме факторите кои ја движат инфлацијата. Во овој случај, во основа се работи за глобални фактори. Ние сме мала отворена економија, растат цените на примарните производи на светските берзи. Но, исто така она што е значајно е дека според меѓународните институции се очекува ова забрзување на инфлацијата да се стабилизира и веќе наредната година да биде поумерена односно пониска од оваа година, рече гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, одговорајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција со нејзиниот хрватски колега Борис Вујчиќ.

Доколку има потреба, како што посочи гувернерката, би се преминало кон затегнување на монетарната политика, но за да се случи тоа, клучни се два фактора – девизните резерви кои сега се на ниво од четири милијарди и се двојно повисоки во споредба со времето од глобалната економска криза, како и инфлациските очекувања дека следува стабилизирање.

Според гувернерот на Хрватската народна банка, во Северна Македонија во однос на инфлацијата не се случува ништо поразлично од она во другите држави. Смета дека треба да се остане внимателен и да се следат податоците во третиот и четвртиот квартал од годинава кои ќе бидат најдобар показател дали моменталните ценовни движења се привремени. Во однос на јавниот долг, Вујчиќ препорачува претстојниот период на опоравување да се искористи за да се намали јавниот долг во однос на БДП.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска – Сера: Транспарентноста на Народната банка е основа за кредибилност на политиките и макроекономската стабилност

Ана Ололовска

Митреска: Монетарната политика е еден од столбовите на закрепнување на економијата

Ана Ололовска

Народна банка: Годишен раст на депозитите од 9,9 проценти и на кредитите од 6,4 отсто

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Корона-кризата повеќе ги погоди жените, нагласувајќи ја потребата од засилени активности за родова рамноправност

Ана Ололовска

НБ: Основната каматна стапка останува на ниво од 1,25 проценти

Ана Ололовска

До утре пријавување за учество на 40. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка

Ана Ололовска