„Централ бенкинг“: Народната банка води сметка за ангажирање квалитетни кадри и постојано вложува во нивните знаења

Од:

Споредбената анализа на еден од водечките информативни сервиси за централно банкарство и финансии во светски рамки, „Централ бенкинг“, открива дека Народната банка на Република Северна Македонија се вбројува меѓу централните банки коишто водат сметка за ангажирање квалитетни и посветени кадри, кои се клучен столб при изготвувањето и примената на здрави и издржани политики.

Како што соопштуваат од Народната банка, во рамките на анализата, „Централ бенкинг“ објави и интервју со главната економистка на Народната банка, д-р Анета Крстевска.

Во интервјуто е даден осврт на главните предизвици во процесот на постепено зајакнување на аналитичкиот и истражувачкиот капацитет на Народната банка во еден подолг период наназад, а заради следење на современите централнобанкарски трендови. Во објавата е даден осврт на кадровската политика на Народната банка, при што се нагласени залагањата за постојано вложување во кадарот, постојаната надградба на образованието и осовременување на знаењата, како неопходен предуслов за следење на динамичните промени во финансискиот систем и макроекономското окружување и соодветно приспособување на политиките.

–Народната банка има политика за поддржување на образованието на своите вработени и нивно задржување. Поддршката на образованието на вработените и вложувањето во нив е исклучително важно, истакнува Крстевска во интервјуто објавено во рамките на споредбената анализа на „Централ бенкинг“.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра