Цените на скапоцените метали се зголемуваат, унца злато 2.069 долари

Од:

Цената на златото денеска се искачи на ново рекордно ниво, бидејќи пандемијата на Ковид-19 ги намалува економските изгледи, па жолтите шипки се сè попривлечно засолниште за инвеститорите, иако аналитичарите велат дека овој брз раст може да предизвика некои корекции.

На денешното тргување во 11.52 часот според GMT, златото достигна ново рекордно ниво од 2.059,09 долари за унца, зајакнувајќи за 0,9 проценти во однос на претходниот ден. Цената на американските фјучерси на злато се зголеми за 1,0 проценти, на 2.069 долари.

Златото забележа добивка и покрај малото засилување на доларот, кој профитираше од намалувањето на расположението кон ризикот, бидејќи инвеститорите чекаа податоци за состојбата на американскиот пазар на трудот како еден од реперите во однос на состојбата во најголемата економија во светот.

Цената на жолтиот метал годинава се зголеми за повеќе од 35 проценти, бидејќи златото се смета за имот што ќе ја зачува својата вредност, додека пандемијата и печатењето пари на централните банки ќе ја еродираат вредноста на другите средства.

Би можело да ве интересира

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Царинска управа: Запленето e злато што двајца патници се обиделе нелегално да го изнесат од државата

Резервите на злато во Србија се 38,5 тони, Македонија со 6,8 тони е втора во регионот

Орце Костов

Уапсени македонски и српски државјани во Солун, откриени над 21 килограм накит и злато во нивните возила

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска