Цената на становите во Скопје лани паднала за 14 проценти

Од:

Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2017 година изнесувала 41.822 денари, што е за 2,9 проценти помалку во однос на 2016, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Скопје просечната цена на метар квадратен лани изнесувала 43.710 денари, што е за 14 проценти помалку во споредба со 2016 година, а во останатите населени места во Македонија 32.001 денар, што е за 2,2 проценти помалку во споредба со 2016.

Во втората половина од минатата година просечната цена на метар квадратен стан е намалена за 6,2 проценти во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 4,8 проценти.

Наведените просечни цени се без Данок на додадена вредност.

Би можело да ве интересира

Секој петти стан во Скопје е под хипотека

А1он

Становите поевтиниле за 4,3 отсто во втората половина од минатата година

Ана Ололовска

„Фортонмка“: Цените на становите ќе останат стабилни, освен во Центар и Карпош

Ана Ололовска

Законски измени за продолжување на мерката за пет проценти ДДВ за продажба на станови

Ана Ололовска

Катастар: Намалена продажбата на станови, цената иста, некаде и во благ пораст

Ана Ололовска

Лани за 6,5 процени пониска просечната цена на становите

Ана Ололовска