Целосна либерализација на транспортот меѓу Македонија и Хрватска

Од:

Од 1-ви јануари идната година целосно се либерализира превозот на стока меѓу Република Македонија и Република Хрватска, стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

Македонско-хрватската мешовита комисија за меѓународен патен сообраќај потпишала протокол со кој од Нова Година се укинува квотата на дозволи за билатерален превоз кои досега меѓусебно ги разменуваа двете земји.

Како што појаснуваат од Министерството, ова значи дека се либерализира билатералниот и транзитниот превоз за превозниците од Македонија и Хрватска, а за 2013-та година е договорено да се размени прелиминарна квота од 500 дозволи за превоз за и од трети земји, што е за 150 проценти поголем контингент од контингентот на дозволи кои до сега се разменуваа.

Од Министерството уште еднаш потсетија дека веќе e овозможено целосно либерализирање на превозот со Чешка, Словачка, Велика Британија, Швајцарија , Унгарија и Босна и Херцеговина, а олеснети се процедурите за дополнителни дозволи за земјите со кои се остварува економска размена, како Италија, Бугарија, Романија, Турција, Србија и други.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он