Царовска: Со растот на платите ќе се зголеми бројот на луѓе кои ќе сакаат да работат во текстилната индустрија

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска беше во работна посета на општина Ранковце, при што покрај средбата со градоначалникот на општината, Ивица Тошевски посети и два производствени погони за текстил, едни од главните работодавачи во реонот на Ранковце.

– Посетата ја искористив со цел да видам какви се условите, како се имплементира минималната плата и уште повеќе да ги мотивирам компаниите да ги искористат придобивките од новиот Закон за раст на платите и поддршка на растот на платите. Со овој Закон до триесет проценти од порастот на платата минатата година, октомври-декември месец до 18.000 денари, државата враќа назад 30 проценти или до 1.200 денари. Уште во првите два месеци како Влада ја покачивме минималната плата специфично во текстилната, кожарската и индустријата за облека на 12.000 денари, а беше 8.000 денари и тие граѓани навистина беа дискриминирани, рече Царовска.

Таа посочи дека со цел да се поддржи стопанството и растот на платите донесен е тој Закон.

-Со него ги охрабруваме компаниите да се обратат до државата и да ги искористат тие средства од Буџетот проектирани да ги поддржат работодавачите од една страна да имаат продуктивни и квалитетни работници, од друга страна да се превенира урамниловката од која се плашеше бизнисот и од трета страна да има повеќе луѓе кои со растот на платите ќе сакаат да влезат и да работат во текстилната индустрија, додаде Царовска.

Во Ранковце се разговараше и за останати приоритети, како заштита на децата, отварање подрачна канцеларија на Центар за социјална работа…

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Зголемување на минималната плата од март е поддржано од работодавачите

СДСМ: Платите растат и во 2024 година, поголема минимална плата од 22.500 денари

Горан Наумовски

Годината што изминува неповолна за текстилниот сектор

Битиќи: Ќе им ги зголемиме платите на судиите кога граѓаните нема да чекаат по шест години за своите предмети

Орце Костов

Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари

Катерина Ѓуровски

Текстилниот сектор нема работници, странските партнери се ориентираат на далечниот Исток