Царовска: Подготвени сме за дијалог со синдикатите

Од:

Подготвени сме за отворен дијалог и дебата и да дојдеме до конечни заеднички решенија, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во врска со барањата на Конфедерацијата на слободни синдикати, најдоцна до 16 јануари да најдат заеднички прифатливи решенија, во спротивно ќе одржат и предупредувачки протест на 17 јанури пред Владата.

– Имам состанок на 17 јануари со Синдикатот што се однесува на социјалната заштита при КСС. Треба да се разговара за сите аспекти, треба да се разгледаат колективните договори, специфично во социјалната заштита многу години не е разгледан овој колективен договор, и подготвени сме за отворен дијалог и дебата и да дојдеме до конечни заеднички решенија, рече Царовска.

Во однос на детските градинки рече дека се во координација со СОНК, како и во однос на нивоата на исполнување на колективниот договор.

Таа, исто така, истакна дека во буџетот се предвидени над 200 вработувања во градинките, и на тој начин, според неа, ќе се направи обештетување на штетата што е направена од 2006 година, во однос на дисторизијата на вработените во тој сектор.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите