Царовска: Најважно ни е и работодавачите и работниците да ги почитуваат протоколите

Од:

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска одржа координативен состанок со дополнителната министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, претставници од граѓанските организации „Гласен текстилец“, „Хелсиншки комитет“, претседателот на ССМ Дарко Димовски, како и претседателката на Инспекцискиот совет и директорите на неколку инспекторати.

Царовска, како што соопшти нејзиниот Кабинет, истакна дека Владата „вложува максимални напори да направи баланс во заштитата на работниците и поддршка на работодавачите. Ги повика граѓанските организации да ги пријавуваат сознанијата за кршење на работничките права, а инспекторатите да постапуваат по преставките кои стигнуваат до нив од работниците и граѓаните.

– На состанокот, кој се одржа преку интернет, се дискутираше за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на заштита на работничките права, инспекциските надзори, почитувањето на протоколите од страна на работниците и компаниите и можностите за користење на државна помош во случај на губење на работа, се вели во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Мила Царовска.

Би можело да ве интересира

Пазарна се закани со казни за сите што ќе работат утре: Исклучок се фирмите кои не можат да го запрат производството

Орце Костов

Не постои законска можност Владата со заклучок да прогласува дополнителни неработни денови за да се гласа

Орце Костов

Ваучери за брак, слободен ден за роденден: Дефицитот од работници ги принуди фирмите да ги зголемат бонусите

Орце Костов

Газдите по зголемувањето на минималецот: Работниците мора да си ги заслужат и одработат платите

Орце Костов

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Царовска: Условите за работа и движење меѓу население и условите за движење во училишниот двор се подеднакви