(ВИДЕО) Царовска и Деспотовски: И малите семејни фирми што инвестираат во технологија може да остварат високи производствени стандарди

Од:

Кујна со најсовремени стандарди, најмодерна во регионот на Западен Балкан, која дневно подготвува 10.000 оброци и чиј таргет се странски компании. Ова е проектот што изминатите две години го реализира „Индустри сервис“ од Скопје со сопствени средства и минимални 5,5 проценти поддршка од државата.

„Индустри сервис“ е семеен бизнис, еден од скоро 450-те проекти што ги финансираше Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во изминатите три години. Неговиот производствен објект денеска го посетија вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

-Задоволство е што можеме да видиме конкретен резултат од конкретен проект за кој ФИТР и Владата одвоија 10 милиони денари во 2018 година што се само 5,5 проценти од вкупниот износ на инвестицијата. Тоа значи дека и со минимална поддршка, приватна иницијатива може да даде резултат, изјави Деспотовски по посетата.

Тој уште еднаш напомена дека ФИТР и Владата во изминатиот период покажаа вистинско партнерство и отвореност кон домашната економија.

-Во изминатите три години бројот на компании кои ни пристапија со инвестициски планови е зголемен за 410 проценти во однос на бројката во 2017 година, бројот на инвестициски планови што е поддржан е зголемен за 980 отсто, а обемот на финансиска поддршка што го дала Владата за микро, мали и средни компании преку ФИТР е поголем за скоро 3.000 проценти. Сите овие компании минатата година уплатиле 3,5 милиони евра повеќе отколку што искористиле преку ФИТР. Тоа значи дека 3,5 милиони евра останале повеќе во Буџетот како резултат на нивното работење и сега тие средства се наменуваат за школи, патишта, но, секако, и за продолжување на поддршката за компаниите, потенцира Деспотовски.

Според вицепремиерката Царовска, оваа компанија која е семејна покажува дека малите фирми и оние што инвестираат во технолошкиот развој со поддршка на Владата, може да остварат високи стандарди во производството.

-Ова не прави горди како Влада зашто не само што инвестиравме за тие да остварат повисоки стандарди, да имаат технолошки развој и поголем пазар, туку, дополнително, во период на КОВИД, успеавме да ги заштитиме работните места преку поддршка на минималната плата во сите компании кои имаат потреба. И сите 160 вработени во оваа компанија добија поддршка, рече Царовска, додавајќи дека на ниво на држава Владата преку мерката минимални плати поддржа 120.000 работници. На тој начин, посочи, е обезбеден континуитет на работните места и полесно излегување од социо-економската криза.

-Продолжуваме да инвестираме во компаниите кои сакаат технолошки да се развиваат и да обезбедат подобри и поквалитетни работни места, порача Царовска.

Управителот на „Индустри сервис“, Филип Смилковски, ги поздрави владините мерки, посебно онаа за поддршка на платите.

-Секогаш сме подготвени да одиме напред со стандардите. Владините мерки треба да и добро е да продолжат, фокусот и натаму да биде стопанството, зашто ако компаниите не работат, ќе немаме ни Буџет, ни средства да функционираме, истакна Смилковски.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава