„Булгартрансгас“ стана сопственик на 20 отсто од капиталот на грчката гасна компанија „Гастрејд“

Од:

Бугарскиот оператор на системот за природен гас „Булгартрансгас“ денеска презеде над 20 отсто од акциите на грчката компанија „Гастрејд“, што го развива терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкото пристаниште Александрополис, соопшти грчката компанија.

На потпишувањето на договорот за преземање на уделот во капиталот на грчката компанија во главниот град Атина присуствуваа премиерите на двете земји, Кирајкос Мицотакис и Бојко Борисов.

„Терминалот за течен природен гас е еден од најзначајните енергетски проекти спроведени во последниве години и е од големо значење за Југоисточна Европа, бидејќи обезбедува различни извори и патишта за снабдување со гас, ја подобрува енергетската стабилност и конкуренцијата и овозможува создавање на регионален центар за трговија со природен гас“, наведе „Гастрејд“ во соопштението од настанот.

Во него се додава дека овој гасен јазол ќе овозможи пристап до течен природен гас за пазарите на Грција, Бугарија, Србија, Романија, Северна Македонија, Молдавија и Украина.

„Гастрејд“ забележува дека терминалот во Александрополис ќе биде поврзан со азербејџанскиот гасовод ТАП, грчко-бугарскиот интерконектор, идниот бугарско-српски интерконектор и подземните постројки за складирање на гас во Југоисточна Европа, што ќе бидат проширени.

„Учеството на ’Булгартрансгас“, односно бугарската држава во капиталот на „Гастрејд“, е цврст доказ за регионалниот карактер на проектот и претставува катализатор за интеграцијата на пазарот на гас во Југоисточна Европа, обезбедувајќи енергетска ликвидност и плурализам низ целиот регионот “, се додава во соопштението на грчката компанија.

Терминалот во Александрополис ќе се состои од пловечки објект за складирање на течен гас со капацитет од 170.000 кубни метри и постројка за регасификација со капацитет од 5,5 милијарди кубни метри годишно.

Според „Трансгас“, терминалот ќе почне со работа во 2023 година.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе