Букинг ќе отпушти 4.000 вработени поради пандемијата

Од:

Компанијата за резервации на хотели и куќи за изнајмување „Букинг“ (Booking.com) соопшти дека ќе отпушти повеќе од 4.000 вработени, што е една четвртина од нејзината работна сила, бидејќи патувањата драстично опаднаа поради пандемијата на коронавирусот.

Отпуштањата ќе започнат следниот месец и ќе траат до крајот на годината, наведува матичната компанија „Букинг Холдинг“, која е сопственик и на компаниите за резервации на ресторани „ОпенТејбл“ (OpenTable) и „Прајслајн“ (Priceline).

Како што пренесува Сеебиз, бројот на резервирани соби на „Букинг“ во текот на првиот квартал од оваа година опадна за 43 проценти, на 124 милиони, а падот продолжува.

Компанијата уште во мај ги предупреди инвеститорите да се подготват за полошо во вториот финансиски квартал, чии резултати треба да бидат објавени во четврток.

Букинг има 17.500 вработени и повеќе од 200 канцеларии во светот.

Би можело да ве интересира

Бизнисмените предупредуваат: Можни се отпуштања без државна помош и поевтина струја

Орце Костов

„Американ ерлајнс“ ќе отушти 19.000 вработени ако не добие поголема помош од државата

Жарко Настоски

„Веибо груп“ отпушти 85 вработени, од најавени 5.600 работни места нема ништо

Ана Ололовска

ТВ Нова отпушта 35 вработени, наскоро нов бран отпуштања

А1он