Бугарскиот извоз намален за 12,5 отсто

Од:

Извозот на Бугарија во странство во текот на 2018 година е намален за 12,5 отсто на годишно ниво, на 17,55 милијарди лева (8,97 милијарди евра), покажуваат податоците на бугарскиот Национален статистички институт (НСИ).

Според податоците на НСИ, како што јави БГНЕС, главни трговски партнери на Бугарија лани биле Турција, Кина, Србија, САД, Македонија и Русија, на кои отпаѓа 52,6 отсто од вкупниот бугарски извоз.

Во исто време, увозот на стоки во Бугарија лани се зголемил за 7,4 отсто во однос на 2017 година, на 23,012 милијарди лева (11,766 милијарди евра).

Најголем дел од стоките увезени минатата година во Бугарија се по потекло од Русија, Турција, Кина и Србија.

Според податоците на НСИ, Бугарија лани остварила надворешно трговски дефицит во износ од 5,46 милијарди лева (2,79 милијарди евра). Доколку се исклучат трошоците за транспорт и осигурување, дефицитот изнсува 3,52 милијарди лева (1,8 милијарди евра).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит