Бугарите нема да се „гостат“ со македонско јагнешко за Велигден

Од:

Бугарските тур-оператори масовно ги откажуваат еднодневните екскурзии до земјава поради строгата забрана за увоз на месо. Велат дека не сакаат да си имаат проблеми со граничните власти кои ги зајакнале контролите пред велигденските празници.

Како што пренесува бугарски „Монитор“, забраната за увоз на македонско месо во Бугарија не е од вчера, но контролите се интензивирани поради зголемената побарувачка. Според надлежните од граничниот премин Ѓушево, последниве денови на неколку луѓе им биле конфискувани различни прехранбени производи меѓу кои сирење, јајца и месо.

-Во нашата канцеларија постојано доаѓаат заинтересирани и прашуваат дали ќе организираме екскурзија до таму. Сакаат да го поврзат полезното и практичното, да купат некое кило јагнешко и јајца за велигденската трпеза. Но, ние категорично ги откажуваме турите зашто не сакаме да имаме проблеми со граничните власти, истакнува тур-оператор од Ќустендил.

Сточар од дупничкото село Самораново вели дека сите 200 грла му се веќе капарисани. Цената за килограм жива мера е шест лева, а на заклано јагне 13-14 лева.

-Моите јагниња не стигнуваат во малопродажба зашто луѓето доаѓаат кај мене и директно од тука си купуваат. Некои сакаат обработено месо, затоа и цената е различна. Побарувачката е голема зашто секој сака да си купи квалитетно, највеќе пресно месо, а не со месеци стоено по фрижидери, вели сточарот.

До лани, ќустендилци масовно одеа во Крива Паланка да пазарат поевтино јагнешко месо.

Бугарски новинари утврдиле дека цената на јагнешкото во маркетите за Велигден достигнува 14 – 15 лева за килограм, но потрошувачите се сомневаат дали е тазе.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

Орце Костов

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности

Предраг Петровиќ