Буџетот на Министерството за транспорт за 2021 ќе тежи 5,306 милијарди денари, фокус на капиталните проекти

Од:

Навремена реализација на капиталните инвестиции и обезбедување на потребите на голем број граѓани ќе овозможи Буџетот за 2021 година на Министерството за транспорт и врски, вели ресорниот министер Благој Бочварски. Најголем дел од проектираните средства или 83 проценти со, како што оценува развојниот буџет, се расходи наменети за капитални проекти. Конкретно буџетот на Министерството е позициониран е на ниво од 5 милијарди и 306 милиони денари, од кои 4 милијарди и 404 милиони денари се за капитални проекти.

-Планираме да обезбедиме високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на гасификацијата, железничката и комуналната инфраструктура како и станбената изградба. И покрај Ковид кризата, развојната компонента ни дава очекување дека следната година ќе имаме заздравување на економијата и позитивни стапки на раст, рече денеска на прес-конференција Бочварски.

Тој потенцираше дека се наоѓаме во фаза во која се неопходни крупни инвестиции во инфраструктурата како предуслов за закрепнување и брз развој на државата, посебно кога поради ковид кризата речиси сите дејности бележат негативни биланси.

-Изминува тешка година за сите нас, но ме радува фактот што во градежниот сектор нема отпуштање на работници, што ни дава за право да констатираме дека најголемо влијание за тоа имаат токму капиталните инвестиции во изградба на инфраструктурата. Токму заради тоа, вложувањето во капиталните проекти сега е повеќе од потребно за да ја вратиме економијата на посакуваните стапки на раст, да ги задржиме вработените на своите работни места, но и да обезбедиме транспарентни процеси кои се темелат на различните потреби на граѓаните, рече Бочварски.

За пругата кон Бугарија, според министерот, клучен проект на кој ќе се посвети големо внимание, се проектирани 1 милијарда и 800 милиони денари. За магистралните гасоводи се проектирани 750 милиони денари, во комунална инфраструктура ќе бидат вложени 937 милиони денари, а за изградба и санација на локални улици и патишта 615 милиони денари. Изградбата на социјални станови ќе продолжи и ставката по тој основ изнесува се 134 милиони денари, а за финансиска поддршка на нови авиолонии се одвоени 69 милиони денари, со оглед на очекувањата за раздвижување на авиосообраќајот и враќање на редуцираните линии.

– За пругата кон Бугарија следната година ќе го објавиме тедерот за изградба на двете фази, првата од Куманово до Бељаковце за преостаниот дел што остана недоизграден и за втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка. Постапката за избор на изведувач за двете делници ќе се одвива во еден тендер. Исто така ќе продолжиме со оддржување на железничката инфраструктура на Коридор 10, рече Бочварски.

Во 2021 година, најави, ќе завршиме со изградба на двата магистрални гасоводи, од Неготино преку Прилеп до Битола и вториот од Скопје – Тетово до Гостивар. За овој значаен капитален проект проектиравме 750 милиони денари. Преку Национални Енергетски Ресури се подготвуваат постапки за изградба на нови траси како и интерконекциски врски со соседните земји, информираше министерот за трансппрт.

Во соработка со Град Скопје започнуваат проект за обезбедување брз автобуски превоз низ градот. Град Скопје е носител и имплементатор на проектот, а во име на Градот, Министерството со одлука на Влада, ќе подигне заем за реализација. За следната година за таа намена се обезбедени 33 милиони денари.

Меѓу останатото, проектирани се и 16 милиони денари за изработка на урбанистички планови за општини кои немаат доволно средства за оваа намена. Во рамки на Декадата на Ромите, се обезбедуваме 20 милиони денари за проекти во општините со ромско население.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6